Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата (Книга Втора) – eBook

(5 customer reviews)

$5.00

Мотивациската книга за личен развој, „Да се живее поинаку-Патување кон самореализацијата (Книга Втора)“ е базирана на научни истражувања и вистинити животни приказни од психолошкото советувалиште на авторката. Оваа книга претставува неопходен прирачник за животот кој ќе ви помогне да постигнете потполна физичка, ментална и духовна благосостојба, да ја употребите моќта на вашиот ум за да ги остварите сите ваши соништа и да постигнете самореализација. „Да се живее поинаку-Патување кон самореализацијата“ нуди моќни, научно –засновани техники кои ќе ви помогнат да:

  • Го зголемите нивото на вашата свест
  • Ја употребите моќта на вашиот ум за да ги излекувате болестите на вашето тело
  • Постигнете трајна среќа во животот
  • Ја пронајдете вашата идеална професија
  • Го креирате највозвишеното издание од себеси.

Description

5 reviews for Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата (Книга Втора) – eBook

  1. Светлана Георгиева (store manager)

    Книгата „Да се живее поинаку -Патување кон самореализацијата“ претставува неопходен водич кон стекнување на духовна мудрост, себеспознание и автентична среќа. Авторката на еден универзален и разбирлив начин успева да ги илустрира најчестите начини на гледање на работите во животот кои, всушност, би можеле да ја попречат нашата самореализација.Книгата исто така нуди научни стратегии како да се постигне повисоко ниво на свест и да се стигне до изворот на вистинска, трајна среќа. Оваа книга не само што ме инспирира и ме натера да живеам поинаку, туку и ме мотивира да продолжам да ги споделувам овие сознанија со тие околу мене.

  2. Дину Вангели

    Ова е прекрасна книга! Таа има моќ да го промени светот. Содржи огромна мудрост, а воедно и практични техники за остварување на најзначајните цели во животот. Те издигнува на едно повисоко ниво на постоење и го трансформира твојот живот на најдобриот можен начин.

  3. Зорица Карајанкова (store manager)

    Само треба да се набави да се прочита…Секој збор е излишен и ќе изгледа како величење на авторката со зборови, вредноста, стручноста, убавината. на мислата, смислата и потребата да му се помогне на обичниот смртник ( тоа сме сите ние), изобилната скромност кои се само карактеристики на една душа Господова.. Јас многу често велам: „Бог Ве има пратено на Земјава да бидеш посебна и да им помагаш на чуѓето со својата стручност и мудрост пред се.“ Набавете ја книгата и сигурна сум дека ќе биидете презадоволни и среќни. Пробајте да живеете поинаку…вредност која не чини пари, туку вистинсско задоволство и здравје…“

  4. Горјан Петревсни, писател (store manager)

    Книгата „Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата“ од Д-р Снежана Џамбазова -Попорданоска е своевидно, со обични зборови речено „духовно помагало“ и за младите, и за возрасните, а пренесено на колку едноставле, толку и стручен начин. Не ме изненадува походот што го предизвикува кај читателите. Честитки за авторката.

  5. Силвана Димитриевска, писателка (store manager)

    Книгата „ Да се живее поинаку“ постави нови стандарди во областа на психолошки и мотивациони книги чија што главна цел е да му помогне на секој поединец да се спознае себеси, да ги надмине сопствените ограничувања и во целост да ги отклучи своите скриени потенцијали кои секој од нас неминовно ги има, но за кои могу често и самите не сме свесни дека ги поседуваме. Првиот дел од оваа книга насловен како „Да се живее поинаку – Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода“ му понуди едно уникатно искуство на читателот, спојувајќи ги психологијата, уметноста и долгогодишната пракса на авторот во истражувањето на длабочините на човековата душа. Во книгата која е заснована на долгогодишните научни истражувања од областа на психологијата на Попорданоска, како и на нејзиното искуство во работа со пациенти од различни култури, националности и религии, таа ни нуди научни методи и техники за тоа како да се справиме со пречките во нашиот живот и како да се стремиме кон тоа постојано да се развиваме постигнувајќи ја најдобрата верзија од самите себе.

Add a review

Your email address will not be published.

Книгата „Да се живее поинаку:Патување кон самореализацијата (Книга Втора)“ претставува неопходен животен прирачник кој ќе ги заинтригире луѓето од сите возрасни групи и занимања. Базирана на долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата и медицината, како и врз база на вистинити инспиративни приказни од психолошкото советувалиште на авторката, оваа книга претставува патоказ кон  себеспознанието, духовната мудрост и автентичната среќа.

Во суштина, оваа книга ја обработува човековата свест на еден јасен, разбирлив и уникатен начин, објаснувајќи ја поврзаноста помеѓу индивидуалното ниво на свест и нивото на човековата среќа.Поточно, книгата детално ги истражува сите нивоа на човековата свест, започнувајќи од најниското ниво -нивото на срам до највисокото можно ниво на свест -а тоа е нивото на просветлувањето. Исто така,книгата на еден автентичен и интересн начин ги илустрира пречките за достигнување на повисоко ниво на свест и нуди научни стратегии како да се надминат тие пречки за да се допре до изворот на вистинска, трајна среќа. Освен тоа, книгата „Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата“ содржи научно базирани техники како да се употреби моќта на човековиот ум за целосно да се излекуваат болестите на физичкото тело. Книгата завршува со практичен прашалник кој ќе му овозможи на читателот да ја открие смислата на својот животи и да постигне самореализација.

Additional information

Books

eBook, Paperback