„Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ – Paperback

(1 customer review)

$20.00

Книгата „Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ го истражува егото како главна препрека за постигнување на постојан мир, трајна среќа и вечно блаженство. Исто така, таа нуди научно засновани техники и клинички докажани стратегии кои ќе ви помогнат целосно да се ослободите од егото и да постигнете смирена состојба на умот. Вашата подготвеност да ја примените оваа мудрост во животот е клучот за вашиот внатрешен мир.
Она што е битно е да се спознаете себеси, да ја осознаете вистината за тоа кои навистина сте. Запомнете дека само таа вистина ќе ве ослободи од сите илузии на надворешниот свет и ќе ви овозможи да креирате еден вистински исполнет, значаен и среќен живот. Нека оваа мудрост и знаење ви го осветли патот кон вечниот извор на љубовта што постои длабоко во вас.

1 review for „Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ – Paperback

  1. Светлана Тодоровска (store manager)

    Според мене, оваа книга е вистинско ремек дело!
    Авторката Д-р Снежана Џамбазова -Попорданоска на едноставен и јасен начин ни објаснува како да се ослободиме од нашиот најголем непријател -нашето его, кое всучност не спречува да постигнеме состојбба на постојан внатрешен мир. Преку оваа извонредна книга, Д-р Снежана ни помага да ја спознаеме нашата вистинска вредност, т.е. вистината за себе, за тоа што навистина сме, како и за сѐ што можеме да бидеме и да постигнеме во животот. Просветлени со ова ново сознание, ќе можеме да го креираме највозвишеното издание од себеси, да ги оствариме сите наши соништа и да постигнеме само-реализација. Книга која ни го покажува вистинскиот пат во животот по кој сите заедно треба да чекориме за да создадеме еден поубав и посреќен свет за нас и за идните генерации.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *